top of page

ХО Искра се придружува на Светскиот Ден на ЦП

Хуманитарната организација Искра од Скопје му се придружи на ,,Светскиот ден на церебралната парализа“ кое е глобално движење започнато во Австралија и Америка, на лицата со церебрална парализа, нивните семејства и организациите кои работат во оваа област, сега застапено во повеќе од 50 земји. Нивната визија е да се осигураат дека децата и возрасните лица со церебрална парализа ќе ги имаат истите човекови и граѓански права, пристап и шанси како било кој друг во општествата во кои делуваат. Главното мото на ова движење е реченицата : И ЈАС СУМ ТУКА.

ХО Искра во Јануари 2017 се придружи на оваа мрежа од организации и оваа година сака да го прослави овој ден, 6ти октомври, со организирање на конкурс за есеи, отворен за сите лица без разлика на нивната етничка, верска, расна припадност или дали се лице со посебни потреби или не.

Деталите во однос на конкурсот ќе бидат објавени на крајот на јули, како дел од поголем проект за подигнување на свеста за лицата со ЦП, а во моментот бараме финансирање за нашиот проект. Секој допринос кој може било кој да го даде ќе ни биде од огромна помош.

Има голем број на ресурси поврзани со информации за ЦП кои се објавени на страната на worldcpday.org и наскоро ќе бидат преведени на македонски јазик. Ги охрабруваме сите посетители на нашата страна да ги разгледаат, па дури и да споделат нивна лична приказна поврзана со ЦП !

 

bottom of page