top of page

Ќе организираме уредувачки маратони на Wikipedia!


 

Википедија денес е синоним за ширење на знаењето, од научен до тривијален карактер.

Голем број на доброволни уредувачи низ целиот свет посветуваат време и внимание тоа знаење да биде веродостојно. Така милиони луѓе низ светот можат да се потпрат на нејзините информации пласирани на нејзината англиска верзија секој ден, а од било која информација може да се креира верзија на било кој друг јазик, вклучително и македонскиот.

Масовната популарност на оваа платформа не инспирираше и ние да допринесеме кон македонската верзија, а воедно да ги направиме достапни основните информации околу различни видови попречености, со вклучен македонски контекст на оваа тема.

Хуманитарната организација Искра одлучи во соработка со Фондацијата Викимедија, Споделено знаење и Википедија на македонски јазик да организира уредувачки маратони кои ќе допринесат оваа цел да стане реалност.

Добредојдени сте сите, а за повеќе информации околу

настаните или можноста да учествувате прочитајте на следниот линк на Фејсбук настанот.

bottom of page